klikmedia

KLIK media WEB Solutions

Web Design & Development I Web & Mobile E-commerce platform | B2B | B2C

Создаваме онлајн бизнис идентитет и ново корпоративно искуство. Нашата цел е понуда на комплетно решение кое ги подобрува вашите производи / услуги, го прави вашиот бизнис поефикасен и гарантира финансиска добивка.
Економијата и бизнисите се во процес на постојани промени. Потребата од интернет присуство расте паралелно со растот на вашиот бизнис, а со тоа расте и потребата за прилагодување и поефикасна презентација на вашиот бизнис. Поседуваме креативност, девелоперско знаење и know how, едноставност, и најважно, ние ги следиме интернет и SEO стандардите и препораките на пошироката интернет заедница во преточувањето на вашата идеја во бизнис.
Како сопственик на веб-страна, по некое време повторно ќе го разгледате и ревидирате вашето интернет присуство, утврдувајќи ги вашите интернет можности, предности, слабости и закани (SWOT). За ефикасна онлајн презентација ви треба континуирана веб флексибилност. Имплементацијата на нови веб стандарди, оптимизација на пребарувањето (SEO), присуството на социјалните мрежи, користење бази за централизирано складирање на податоците, заштита на податоците, интернет трговија, имплементација на едноставна и лесна администрација, презентирање на новости, настани, интернет маркетинг, создавање на интернет заедница на лојални и потенцијални клиенти се само неколку фактори кои вие, како сопственик на бизнис мора да ги земете во предвид при ревидирањето и донесување на конечната одлука.
Свесни дека е-пазарот и онлајн бизнисите рапидно се зголемуваат и светската популација станува се повеќе ориентирана кон онлајн купувањето, воспоставуваме различни видови на е-продавници со посебни елементи и функции (user-friendly и client-friendly).

Social Media Marketing | SEO | Pay-Per-Click Advertising | Display Advertising | Affiliate Marketing

SEO е процес на подобрување на количината и квалитетот на посети на вашата веб страна преку пребарувачи како Google, Bing, Yahoo итн.. Вообичаено, поскора SEO оптимизација на вашата страна (оптимизирање при пуштање на страната во употреба), ќе резултира со повисоко рангирање при пребарувањето, а со тоа и зголемен број на посети на вашата веб страна. SEO оптимизацијата денес е сложен процес и не се состои само во сетирање на клучните зборови за пребарување и опис на компанијата или услугите/производите, туку е многу повеќе од тоа.
Pay Per Click (PPC) е интернет маркетинг модел кој се користи за генерирање реклама (текстуална или рекламен банер) на соодветни пребарувачи (search engines), маркетинг мрежи, блогови и слични контент страни каде огласувачот плаќа само доколку посетителот кликне на рекламата за да ја посети страната на огласувачот. Маркетинг агентот го антиципира таргетниот пазар или ги користи иструкциите на огласувачот за креирање клучни зборови, кои ќе резултираат со прикажување на рекламата при пребарување на соодветната услуга или производ. Кога посетителот пребарува некој термин или посетува релевантна страна која се поклопува со вашите клучни зборови, тогаш вашата реклама може да се појави на соодветно место. Овие реклами наречени "Sponsored links" или "sponsored ads" се појавуваат над природните резултати од пребарувањето или на десната страна од пребарувањето или на посебно доделено место на соодветна интернет страна или блог (дел од маркетинг мрежата). Доколку се одбере прикажување на Pay Per Click рекламата како рекламен банер (Google AdSense или Yahoo! Publisher Network), таа ќе се прикажува на соодветни интернет страни кои обработуваат релевантна содржина на услугата/производот на огласувачот а не како резултат од некое пребарување (пр. доколку се продаваат компјутери, рекламата ќе се појавува на интернет страни за компјутери).
Создавањето заедница од редовни или потенцијални клиенти е секогаш предност за вашиот бизнис. Социјалните мрежи се одлични алатки за промоција на вашата компанија и вашите производи или услуги. Овие мрежи ги сочинуваат мрежи како Twitter, Facebook, YouTube и слични, како и популарни блогови, вики (wikis) и мултимедијални сајтови за споделување на најразлични содржини.
Водењето на успешен бизнис значи посебно внимание и грижа на сите ваши редовни и потенцијални клиенти. Со одржувањето персонален контакт со секој ваш клиент, значително можете да ја унапредите и зголемите продажбата на вашите производи или услуги. Е-маил маркетингот е ефикасна ПР (Public Relations) техника, персонално таргетирана, додавајќи повеќе вредност на вашите производи и услуги. Исто така, е-маил маркетингот е одлична алатка за добивање повратни информации од клиентите. Е-маил маркетингот можете да го користите за:  Е-маил новости (newsletters) кои привлекуваат и поттикнуваат продажба;  Промоција на попусти, доделување купони за попусти и промоции на нови производи и услуги;  Персонална е-маил покана за важни компаниски настани Интернетот како најпопуларен медиум, привлекува најразлични илегални е-маил маркетинг активности - наречени СПАМ (непосакуван рекламен материјал испратен во неограничени количини), junk е-маил и сл. СПАМ-от е постојан проблем на глобалната интернет мрежа и најчесто е филтриран од многу интернет провајдери така што завршува директно во корпата за отпадоци или во посебен СПАМ дел на вашето е-маил сандаче. Зошто е ова важно? Самостојното креирање на е-маил маркетинг кампања може да биде ризично и набрзо означено како СПАМ, при тоа губејќи ја маркетиншката цел и можноста да стигне до таргетирана група на корисници. Ние користиме само верифицирани и докажани методи за е-маил маркетинг, така што вашата маркетинг кампања ќе биде успешно спроведена до целиот таргетиран пазар.