Огласување

ЗОШТО СЕ УСПЕШНИ IN-FRAME АЛАТКИТЕ

 

ПРИДОБИВКИ ЗА ОГЛАСУВАЧИ

 

БЕСПРЕКОРНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ

КАКО РАБОТАТ РЕКЛАМНИТЕ АЛАТКИ НА IN-FRAME

InText41

IN-TEXT


Контекстуално огласување

Што е IN-TEXT?

Eдинствен систем за контекстуално огласување во Македонија, специјализирана за развој на напредни и иновативни платформи поврзани за контекстуалното огласување.

Контекстуално огласување е вид на таргетирано (насочено) огласување преку прикажување на подвлечени линкови (зборови) низ текстуална содржина на одредена веб страница.
Технологијата и иновациите кои ги користи IN-TEXT овозможуваат ефикасен начин на огласување на интернет, како и подобри резултати за вложените средства (value for money).

Како функционира?
Контекстуалното огласување е потполно нов систем на огласување, кој функционира преку пласирање на огласни пораки во вид на “pop up” прозорец кој им се прикажува на корисниците во моментот кога ќе поминат со курсерот врз посебно обележан (двојно подвлечен) збор во текстот што го читаат. Со избирање на клучен збор или повеќе зборови и со креирање на оглас вие ја отпочнувате кампањата. Вашиот оглас се појавува во текстовите на страниците на повеќе интернет медиуми преку клучниот збор/зборови кој сте ги одбрале. Контекстуалните огласи се интерактивни и се прикажуваат само на читателите на страната кои ќе го задржат курсерот на избраниот збор.

Зошто IN-TEXT е посебен?
Огласот е секогаш во фокус и се прикажува само кога тоа корисникот го сака, а погледот му е насочен кон стрелката од курсорот.
Паметно таргетирање: Огласите може прецизно да се насочат кон одредена целна група при што пораката што сакате да ја испратите е во директна врска со зборовите кои се битни за вашите потенцијални клиенти.
Multi Words: Можност да се одберат повеќе зборови за една кампања.
Заштита на содржината: Вашиот оглас нема да се појави во негативен контекст.
Banner blindness: Голем број на посетители на web страните свесно или несвесно ги игнорираат информациите кои се прикажуваат преку класичните типови на огласи. При користење на контекстуалното огласување секој оглас е виден.


InImage42

IN-IMAGE

Огласување во слика

Што е in-image рекламирање?
Рекламирањето во слики (in-image), исто така е познато и како рекламирање врз основа на слики. Тоа е форма на рекламирање во кое рекламите се појавуваат во основата на статични слики на веб-страниците, односно се појавуваат врз нив во долниот дел. Овие реклами можат да бидат слика, анимација или видео кои се појавуваат кога корисникот доаѓа до сликата во самиот текст.
Дополнително, самата реклама со препознавање на сликата, ја насочува целната публика на неколку начини.

Примарната компонента за таргетирање на читатели е листа на клучни зборови. Оваа листа на клучни зборови работи во корелација со платформата на InFrame. Со помош на ваква листа на клучни зборови одлучувате во какви текстови и содржини ќе се појавуваат вашите реклами.
Постојат неколку главни фактори кои треба да се имаат предвид кога станува збор за составувањето на вашата листа на клучни зборови:
- Внимателно изберете ги вашите клучни зборови, бидејќи многу зборови имаат повеќекратно значења и може да предизвикаат вашите реклами да се појават во ирелевантни написи.
- Вклучете и листа на негативни клучни зборови (“save content black list”) за да се осигурите дека рекламите нема да се прикажат во текстови во кои што не сакате да се појавуваат.

Зошто треба да користите In-image рекламирање?
In-image рекламите имаат повеќе предности во однос на другите стандардни реклами. Прво и основно, рекламирањето врз основа на слики им овозможува на читателите поголема посветеност на содржината на текстот отколку да ги гледаат страничните банери со реклами. За разлика од традиционалните реклами, In-image рекламите се појавуваат во контекст со другите визуелни содржини, со што се зголемува нивната видливост.

Бидејќи рекламирањето во слики (In-image) се базира на контекстуални анализи и однесувања на корисниците (методи за ремаркетинг), овие реклами се порелевантни и повеќе персонализирани за целната публика.
Рекламирањето во слики (In-image) работи по моделот на цена по импресија (CPM).

 
 

НЕКОИ ОД НАШИТЕ ПАРТНЕРИ: